ЗАЕВ: ГУБАТ СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ, НО ЌЕ ПОДДРЖИМЕ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА
Премиерот Зоран Заев вели дека ќе поддржат измени во Изборниот законик со кој се предвидува Македонија да биде една изборна едница, кој е предлог на помалите политички партии.
-Со ова губат СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, во мал дел ДУИ, а мислам и Алијанса за Албанците, не ги знам точно математиките, а ќе добијат помалите партии, како и оние помали партии со етнички предзнак. Но, добива државата, добива демократијата, вели Заев.
Како што вели тој треба да има согласност од партиите, а доколку биде усвоен овој предлог тогаш тоа ќе биде за изборите во 2024-та година, а до тогаш според него има време за договор. Ги повика ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се изјаснат дали се за или против.