ЛИКОВНАТА УМЕТНИЧКА ИПЕК ДЕНИЗЛИ: СКОПЈЕ ГО ДОЖИВУВАМ КАКО ФАНТАСТИЧКА СПОЈКА МЕЃУ ЕВРОПА И АЗИЈА

Ипек Денизли e сестран уметник од Кипар. Таа ги завршува своите магистарски студии по применета уметност во Анкара. Таа успешно води и драма курсови а воедно е и председателка на здружението на интерактивна драма во Кипар. Ипек има остварено повеќе интернационални изложби и колонии како во странство така и во Кипар. Организаторка е и сама на повеќе интернационални ликовни колонии.

Нејзините изложби обично се мултимедиални, со перформанса и актиовно интерагирање со публиката. Професорка е по цртање, дизајн и историја на уметност при ”Fine art high school” во Никозија, Кипар.

Ипек Денизли во август годинава зема учество на 14та ликовна колонија во Скопје, подржана од град Скопје и Музеј на Современа Уметност. Делата кои ги твореше во периодот од 20-30 август остануваат во сопственост на Музејот.

Таа Скопје го доживува како еден космос од мулти културни контрасти, фантастична спојка на Европа и Азија. На моменти чуствува како да е во некој временски тунел. Ипек познава доста уметници од Скопје кои на нејзина радост и го покажаа градот и дел од своето секојдневие. Благодарна е за гостопримството во хотел Арка каде што таа и твореше за време на својот престој.

”Обично користам кафе на самите дела на кои творам. Инспирацијата ми доаѓа од прекрасниот штимунг кој се ствара кога луѓето седат и го пијат. Тие споделуваат сеќавања, се опуштаат и се спојуваат на природен начин. Во моментот творам колажи во кои исто така користам мапи, карти и венчаници. Верувам во моќта на кафето кое може да турне граници помеѓу луѓето”, вели Ипек за нашиот портал.



Денизли планира да отвори резиденција за уметници, која во исто време може да егзистира и како арт-хотел. Во соработка со Музејот за жени уметници од Кипар, сака да отвори сличен музеј и во северниот дел на Кипар. Таа на уметниците од помладата генерација им препорачува да го живеат својот живот, не за родителите, пријателите и наставниците.

”Голема чест ми беше дружбата со Ипек во Скопје. На нејзина покана учествував пред некоја година на интернационална ликовна колонија во Фамагуста на Кипар. Таа е навистина профофесионална организаторка и одличен уметник. Нејзините дела ги доживувам како автентични експресии на дух исполнет со голема љубов кон итражувањето и навлегувањето во човековите племенити феномени и емоции. Сигурна сум дека и во иднина повторно ќе соработуваме со Ипек. Таа летово не покани заедно со колегата Игор Љубовчевски- Љубац да бидеме нејзини гости во Кипар и да твориме заедно”.- изјави за нашиот портал ликовната уметничка Гордана Винчиќ



Претходна статија

ЗАВРШИ ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МАЛАТА ШКОЛА НА КРАТОК ФИЛМ ВО БИТОЛА

Следна статија

ПРЕМИЕРА НА „ОРЕСТИЈА 1/4“ ВО МКЦ

Најново од Култура