ЛИКОВНИОТ УМЕТНИК ЗОРАН АРСОВСКИ-БАБА СО ИЗЛОЖБА ВО СОФИЈА

Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечер од 18.30 часот ќе биде отворена изложбата „Тектонски пореметувања“ на уметникот Зоран Арсовски – Бабата, на која ќе бидат претставени шеесетина дела од неговиот ликовен опус во мал формат, јавува А1Он. За посетители изложбата ќе биде отворена до 28 октомври.

Рецензентот Роберт Цветковски, историчар на уметноста, за делата на Арсовски наведува дека темата е обработена на минијатурни формати ( 10х10 сантиметри) каде што авторот си поставил високи критериуми во завршната обработка.

,,Висока прецизност на цртежот, добро поставена композиција, колористичко балансирање во нијансите и рационално користење на малиот простор како би се овозможило на гледачот јасно да ја разбере пораката којашто произлегува од идејата, посочува, меѓу другото, Цветковски.



Претходна статија

ВТОРО ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ПОЕТСКО-КУЛТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „АНТЕ ПОПОВСКИ – АНТЕВО ПЕРО“

Следна статија

КОНЦЕРТ НА ПИЈАНИСТОТ ТОМЕ КОСТОВСКИ ВЕЧЕР НА „ИНТЕРФЕСТ“

Најново од Култура