По еден час распит кај обвинителката Вилма Русковска, Лила Филиповска одби да одговори на сите новинарски прашања. Таа не кажа која е нејзината поврзансот со „Рекет”, како и дали му позајмувала пари на Боки 13.
Наместо да одговори, таа рече: „Дечко ќе ми ја расипеш фризурата” и ги прашуваше новинарите „Ау од кога ти се занимаваш со ова”.
Таа замина од Обвинителството, а не одговори ниту на прашањето: „Дали го посетивте Боки 13 во затвор”, кое го поставија новинарите.
Во предметот „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Извор: Макфакс