БУЗАЛКОВСКИ НАЈБРЗ НА ТРКАТА ВО БУГАРИЈА

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски викендот на трка од Бму Европскиот и Македонскиот национален шампионат во Плевен Бугарија, го освои првото место.

– Одличен викенд за мене. Втор пат бев на таа патека со мотор од 600 кубни сантиметри и морам да признам дека се снајдов одлично. Уште од првиот тренинг бев прв, па се до квалификациите, за на крај и на трката да остварам прво место, со предност од 6 секунди пред второпласираниот. Многу сум задоволен,бидејќи успеавме да победиме,и при тоа да ја освоиме и македонската национална титула, изјави Бузалковски.

Следен предизвик за него ќе биде последната трка од Алпе Адриа Европскиот шампионат.



Претходна статија

ШКУПИ ГИ ДОБИ ПРОТИВНИЦИТЕ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЛШ

Следна статија

САНЧЕЗ: НЕ ЖАЛАМ ПОРАДИ ТРАНСФЕРОТ ВО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Најново од Спорт