ВОЗАЧ НА 19 ГОДИНИ ОД КАВАДАРЦИ СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕ
Вчера во 18.30 часот на улицата „9 Бригада“ во Кавадарци, патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(19)од Кавадарци, удрило во девојче, кое се здобило со повреди и било пренесено во болница.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, соопштуваат од МВР.

