|

Лога и новата претседателка на Комората на извршители разговараа за барањата и проблемите на граѓаните

Министерот за правда, Кренар Лога, оствари средба со ново избраната претседателка на Комората на извршители, Весна Деловска, на која и посака успех во должноста и изрази задоволство за нејзиниот конструктивен пристап и подготвеност за соработка и заедничко решавање на сите предизвици, со кои се соочуваат граѓаните и извршителите во секојдневната работа.

Разговарано е за законските измени со цел изнаоѓање најдобри решенија, предизвиците на извршителите, како и барањата и проблемите на граѓаните.

На состанокот се дискусира и за надзорот врз работата на извршителите со цел надминување на секакви проблеми, недоразбирања, како и за решавање на забелешките на граѓаните.

Ги повикуваме граѓаните, во иднина за сите нивни жалби и проблеми, да се обратат до Комора на извршители како и во Министерството за правда.

Слични Објави