ЛОШИ НАВИКИ КОИ ВЛИЈААТ НА КОЖАТА И ВЕ ПРАВАТ ДА ИЗГЛЕДАТЕ ПОСТАРИ

И покрај строгиот режим на нега, постои можност вашата кожа да започне да ја губи еластичноста и да стане многу сува. Иако ова веднаш ве потсетува на почетокот на природното стареење, тоа не мора да биде причината. Следните седум навики можат да го забрзаат процесот на стареење на вашата кожа.


Вежбате на отворено без заштитен фактор
Иако најверојатно избегнувате да нанесувате крем пред тренингот за да избегнете прекумерно потење, треба да имате на ум дека дури и половина час вежбање на отворено е доволно за да ги задржите сончевите зраци на вашата кожа.


Честo конзумирање на алкохол
Покрај тоа што предизвикува мамурлаци, алкохолот е главен виновник за дехидрираноста на организмот и слабата апсорпција на витамини неопходни за производство на колаген.


Премногу слатки
Време е газираните сокови,чоколади и други слатки нешта да ги оставите на страна. Зголеменото ниво на шеќер ја намалува количината на колаген во вашата кожа, ја суши и ги стимулира брчките.


Избегнување очила за сонце
Покрај заштитата на очите, очилата за сонце се најдобрата заштита на кожата околу очите, која е многу чувствителна. Кога купувате очила за сонце, не заборавајте да изберете со УВ заштита.


Слушање гласна музика
Гласното слушање музика ги иритира тенките влакна во увото кои потоа ги иритираат нервите во мозокот, што доведува до постепено слабеење на слухот.


„Губење“ на време пред компјутер
Покрај тоа што предизвикува главоболки, „губењето“ време пред вашиот компјутер поттикнува создавање на подочњаци и брчки околу нив.


Претерано чистење на лицето
Прекумерната употреба на ексфолијани и средства за чистење на лицето можат дополнително да ја исушат вашата кожа и да ги осиромашат природните резерви на масло што ги произведува.

Слични Објави