М. ШУЛЦ: ЕУ ТРЕБА ДА ГО ИСПОЛНИ ВЕТЕНОТО И ДА ИСПОРАЧА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ
Поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц смета дека Европската унија во октомври треба да испорача датум на почеток на преговорите на Македонија и Албанија.
„Се надевам дека во средината на октомври Советот ќе одлучи за отпочнување на пристапните преговори како што беше ветено. Се надевам дека нема повторно да се одложува. Меѓутоа, моето искуство по три децении работејќи во европските инстиуции и европската политика ми кажува дека ништо не можеме да предвидиме. Така што не знам што ќе се случи, рече Шулц, одговарајќи на прашања на Форумот на „Економист” што се одржува денеска во Скопје.

