|

МАЈКА ПРИЈАВИЛА СИН ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Вчера тетовската полиција бележи два случаи на пријави за семејно насилство, а при едниот приведен е 31-годишник.

Вчера полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот тетовец А.Б., кој претходно бил пријавен од неговата мајка дека извршил семејно насилство.

– Тој е задржан во полициската станица за расчистување и документирање на случајот, а со потврда му бил одземен и нож – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Подоцна околу 14 часот, 41-годишна жена со нејзината 71-годишна мајка во СВР Тетово пријавиле дека околу 8 часот и 45 минути на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Т.Т. (47) од Тетово, со кого подолго време имале нарушени брачни односи. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Слични Објави