МАКЕДОНЕЦ ОД ШВЕДСКА СЕ ОЧЕКУВА ДА ЗАИГРА СО КРИСТИЈАНО РОНАЛДО
Швеѓанецот со потекло од Македонија, Дејан Кулушевски, се очекува денеска да стави потпис на договорот со големиот Јувентус и тоа за годишна плата од 2,5 милиони евра, секако ако утринава успешно ги мине задолжителните лекарски прегледи.
Тој во моментов настапува во дресот на Парма и тоа како позајмен фудбалер од Аталанта, која за него ќе заработи фантастични 35 милиони евра. Кулушевски до пред два месеци имаше можност да прифати да игра за македонската репрезентација, за која настапуваше во младинските категории, но тогаш дефинитивно ја одбра Шведска. Новиот соиграч на Кристијано Роналдо веќе настапи за сениорскиот национален тим на Скандинавците, што значи дека дефинитивно е загубен за Македонија.
Извор: Спорт1
