МАКЕДОНИЈА ДОБИ 4 УСЛОВИ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ
Спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ, се четирите услови што стојат пред Македонија за таа да почне да преговара за влез во Унијата во јуни 2019 година. Ако се исполнат условите првата меѓувладина конференција би почнала пред крајот на 2019. Иако мнозинството земји-членки на Унијата одобруваат датум, Франција се спротивставува на ова, инсистирајќи на ставот дека прво треба да се реформира Унијата, а потоа да се проширува.
