Македонија ќе добие препорака за старт на пристапни преговори со ЕУ
Европската комисија денеска ќе го објави годишниот извештај за напредокот во евроинтеграциите за државите од Западен Балкан, во кој Албанија и Македонија ќе добијат препораки за отворање пристапни преговори. Во однос на Србија и Црна Гора, ЕК соопштува дека тие имаат обврска да ги исполнат сите услови за да продолжат по својот пат кон ЕУ. БиХ и Косово може да очекуваат критики поради забавувањето на реформските процеси. Бугарија која претседава со Унијата силно поддржува проширување на ЕУ на Западен Балкан. За тоа сведочи и самитот на држави ЕУ и Западен Балкан што наскоро ќе се одржи во Софија.
