МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА МОЖЕ ДА ИМА ГИМНАСТИЧАРКА НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ!
На денешниот состанок на Македонскиот олимписки комитет (МОК) се избрани шест спортисти, по три во машка и три во женска конкуренција, кои ќе бидат предложени до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за добивање на право на на учество на Олимписките игри во Токио 2020 година.
За прв пат во историјата на македонската гимнастика може да имаме наш претставник на една олимпијада – Охриѓанката Рејчел Стојанов, а ова го потврди и претседателот на федерацијата Љупчо Арнаудов.
Извор: Спорт1
