| |

МАКЕДОНИЈА ВО ФЕВРУАРИ ЌЕ ГИ ДОБИЕ ПРВИТЕ ВАКЦИНИ НА „ФАЈЗЕР“

Македонија во февруари ќе ги добие првите дози од вакцината што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“.

Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, првата пратка од 5.850 дози ќе биде доволна за да се вакцинираат 2.925 жители, а до крајот на годината предвидено е вакцина да примат 400.000 луѓе.

„Првите 5.850 дози од вакцината на ‘Фајзер‘ стигнуваат во февруари, а во директни преговори сме да обезбедивме 800.000 дози за цела 2021. Пратка со поголема количина вакцини ќе дојде во март и април“, кажа Филипче.

Слични Објави