УГРИНОВСКИ СЕ ПИШМАНИ ЗА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ 5G АНТЕНИТЕ И ВАКЦИНИРАЊЕТО

/

Претседателот на движењето „Тврдокорни“ Драган Угриновски, преку својот facebook профил објави дека протестот против полицискиот час, 5G антените и задолжителното вакцинирање што требаше да се одржи денеска во 13 часот пред Владата е откажан.

Угриновски вели дека протестот е откажан, поради забараната за одржување протести со прогласувањето на трета по ред вонредна состојба.



Според претседателот на „Тврдокорни“ фактот што нема да има протест е победа за организаторите, бидејќи ја „натерале хунтата“ да прогласи вонредна состојба.



Претходна статија

ОСЛОБОДЕНИ ОД ПРИТВОР ЕПИСКОПОТ И СВЕШТЕНИЦИТЕ ВО ЦРНА ГОРА

Следна статија

ПОЖАР ВО ТЕТОВСКО ВЕЈЦЕ, ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ

Најново од Вести