| |

ПОЖАР ВО ТЕТОВСКО ВЕЈЦЕ, ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ

Четири лица со полесни повреди, еден хоспитализиран за испитување, изгорени вкупно пет објекти- куќи и штали со добиток е билансот од пожарот што вчера попладне се случил во тетовското планинско село Вејце.

Пожарот избувнал во 16 часот, а биле потребни неколку часа за да се изгаси и ликвидира.

Од Итната медицинска помош на самото место е пружена помош на четири лица, а едно лице е однесено на интерно одделение за понатамошни испитувања.

Мештаните на кои им изгореле шталите имаат штета и поради тоа што им изгорел и дел од добитокот.



Слични Објави