Зоран Верушевски, поранешен разузнавач, е најплатениот советник на премиерот Зоран Заев. Верушевски со советите што ги дава на премиерот како советник за национална безбедност, прима плата од над 74 илјади денари, јавува Досие.
Потсетуваме дека пред неколку месеци претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција во партиското седиште го нарече синот на Зоран Верушевски, Александар, „ грижлив родител, посветен сопруг и голем патриот “.