ЏАМБАСКИ: ЗАЕВ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ПРАВИ НА „ЗАВАЛИЈА“ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА
„Зоран Заев продолжува да се прави на „завалија“. Кажано поинаку на несфатил, не разбрал. Никој не си помислил дека можете да имате претензии кон територијата на Бугарија, почитуван премиеру. Тоа би било повеќе од нагло дури за бескрајните можности на југоносталгичарската фела.
Не, не бараме од вас да декларирате дека немате претензии за територии на Бугарија. Не измислувајте, правдања и „потези“. Бараме од вас да не му издавате нови документи и ново државјанство на Гоце Делчев. Исто така да запрете да се преправате дека не знаете како самиот Гоце Делчев се декларирал, неспорно и своерачно. За Бугарин. Дека учел во бугарско училиште, бил е бугарски учител, бугарски офицер и бугарски револуционер. Тоа е безмилосната историска вистина. Никој не ви смета да го почитувате. Но не можете да го срамите неговото дело и неговата памет со недостојните српско-комунистички игранки“, напиша на социjaлната мрежа facebook европратеникот од редовите на ВМРО, Ангел Џамбаски, како коментар за најавениот од македонскиот премиер Заев анекс кон Договорот за добрососедство и пријателство во кој Македонија ќе потпише дека нема никакви територијални претензии кон Бугарија.
Zoran Zaev продължава да се прави на “завалия”. Иначе казано, на недоразбрал. Никой не си е и помислял, че можете да…Posted by Ангел Джамбазки on Понеделник, 26 октомври 2020

