МИЛЕНКО CHALLENGE… ПРЕД И ПО АЗИЛОТ НА ГРУЕВСКИ И „ДОАЃАЊЕТО НА ЖИВОТОТ“

Facebook манијата #10yearschallenge може да биде погледната и од друга перспектива… од перспективата на мегафонот на поранешната владејачка тајфа Миленко Неделковски.

Првата фотографија е од 22 септември 2016:

Неколку месеци пред Груевски да замине од власт, Миленко е пуштен на најјако. Ја крши „татарската“ плоча, поставена на Кајмакчалан од група бугарски војници во знак на почит кон загинатите припадници на бугарската армија за време на големата битка на врвот која се водела од 12 до 30 септември 1916 г. меѓу бугарски и српски трупи. Настанов предизвика реакции во соседна Бугарија. Официјална осуда на вандализмот на Миленко стигна од Министерството за надворешни работи на Бугарија. Еве дел од официјалното соопштение:

„Ги повикуваме властите во Република Македонија да ги истражат и спречат ваквите срамни акти, кои не се само изолирани случаи и истите особено влијаат на преговорите меѓу двете држави по однос на потпишувањето на Договорот за добрососедство.

МНР ќе направи се што е возможно, заедно со други институции, да ја обнови спомен плочата. Ќе биде наложена забрана за влез на Бугарија на лицето кое го изврши овој варварски чин“

Власта во Скопје остана глува на ова барање на Софија… Миленко од своја страна продолжи да го надува балонот на порнонационализмот и да се претставува како еден од најголемите македонски патриоти кои некогаш прошетале по македонската земја и се грееле на македонското сонце.

Миленко стана „херој“, оти нели им кажа на Бугарите колку е саат, а да не забораваме дека основниот критериум по којшто се мери македонскиот порнонационализам е степенот на омразата кон нашите источни соседи.

Но… бидна чудо и Миленко веќе не можеше да си го разигрува коњот како што ќе посака. Неговите главни муштерии ја напуштија власта (заради Бејли 🙂 нели :)) и „патриотот“ остана на цедило.

Време е за втората фотографија од челинџот на Миленко…

Овде Миленко „културно“ ја прашува својата колешка новинарка: „Која си ти?“. Новинарската екипа го пречека Миленко за да му побара изјава, откако познатиот „новинар“ за прв пат седна на обвинителната клупа, како обвинет за ширење на ксенофобичен и расистички материјал на интернет, заради неговите постови и коментари во врска со големите пожари што ја зафатија Грција, во коишто да не забораваме дека, стотици луѓе го загубија својот живот.

Денеска Миленко не беше расположен да дава изјави. Не сакал да им ја крева популарноста на своите колеги, оти ќе добиеле спонзори, а токму спонзорите сега му недостасуваат на овој „патриот“ и „новинар“. Во видеото што следи, можете да видите дека му гори под нозете…

Дали кармата ќе го стигне? Останува да видиме…

Автор: Батко Тане