| |

БОРИСОВ ИМ ЧЕСТИТА НА ЗАЕВ И ЦИПРАС ЗА НИВНАТА ХРАБРОСТ

Ги поздравувам премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и на нивните министри за надворешни работи, ги поздравувам за овој важен и храбар чекор што тие го направија денеска. Договорот за спорот за името го отвора патот за Република Македонија кон ЕУ и НАТО. Бугарија секогаш го поддржуваше нашиот сосед на овој пат. Најважно е сега граѓаните од сите страни на Балканот да разберат дека овој договор не води кон територијални претензии или идни проблеми, туку напротив – ќе ни помогне подобро да живееме заедно, објави на својата официјална facebook страница бугарскиот премиер Бојко Борисов по потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција.

Слични Објави