МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ДЕЛ ОД ИЗЛОЖБА НА РУСКИ УМЕТНИК

Во Москва вчера беше отворена изложба на слики од рускиот уметник Александар Белугин кој првите слики од оваа едиција ги создаде во земјава во 2010 година, инспириран од убавината на природата и гостопримството на народот.

Изложбата ќе биде отворена десет дена, а содржи 68 слики кои, според авторот, се пронижани со балканскиот дух.

На промоцијата настапија и артистите од театарот „Город“ кои изведоа фрагменти од „Чернодрински се враќа дома“ на Горан Стефановски, а претседателката на Македонскиот културен центар, Олга Панкина промовираше книги од македонски автори објавени во периодот 2019-2020 година во нејзин превод на руски јазик.

Беа промовирани „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски, „Раѓање на зборот. Македонски преводи од Олга Панкина“, „Македонски монолог“ – поезија од Гане Тодоровски, „Маџун“ од Влада Урошевиќ, „Разговор со Спиноза“ од Гоце Смилевски, „Пат на Итака“ од Мирјана Тренчева, „Не сум виновен за ништо“ од Тоде Ристо Блажевски и „Доилката“ од Лилјана Пандева.





Претходна статија

МКЦ И ГРАДСКОТО КИНО „МИЛЕНИУМ“ ГИ ОДЛОЖУВААТ НАСТАНИТЕ

Следна статија

ВО БЕРЛИНСКАТА ОПЕРА „КАРМЕН“ БЕЗ ПУБЛИКА

Најново од Култура