Македонската заедница во С.Р.Германија е револтирана и згрозена од самоволието на само прогласениот премиер Заев, и строго се спротиставува и го отфрла т.н.„Договор за името со Грција„ .
Згрозени од леснотијата со која налудничавиот Заев се поигрува со нашето вековно име, ние ги донесовме следните решенија и барања :
Македонската заедница во С.Р.Германија ги прекинува сите контакти со оваа одродена не народна власт.
Не го прифајќаме и го отфрламе овој понижувачки и капитулациски договор.
Не прифаќаме било какви договори кои се на штета на Македонија и Македонците.
Прекин на преговорите и барање прием во Обединетите нации под уставното име.
Отфрламе било каков референдум за промена на уставното име,Македонија веќе се изјасни на референдумот за самостојност каде што повеќе од 90% од македонците беа „За„ Македонија без додавки и придавки во името, овој референдум е обврзувачки за сите.
Бараме јавното обвинителство да покрене постапка против З.Заев и Н.Димитров и сите инволвирани во преговорите ,по основ на Член 308 од Кривичниот закон и исто така да спроведе постапка за истите лица и за Велепредаство.
Бараме оставка на владата и распуштање на собранието на Р.Македонија.
Распишување на предвремени избори и тоа веднаш.
Му даваме подршка на председателот на Р.Македонија гос.Ѓорѓе Иванов и го охрабруваме да стои цврсто и да се држи само до Уставот на Р.Македонија.
Македонската Заедница во С.Р.Германија, ќе се бори со сите расположливи средства за зачувување на вековното и од бога дадено име Македонија.
Македонскиот народ мора да знае дека ние македонците распрснати сегде по светот сме неотуѓив дел , и му ја даваме целосната подршка на нашите браќа и сестрти и цврсто стоиме заедно со нив рамо до рамо во боербата за Самостојна и суверена Република Македонија.
Да Живее Република Македонија!