КОПУЦИ А ВИ „ЗГУСТИ“ ТРЧАТЕ ЗА СОФИЈА

/

Пред да биде избран за премиер Заев отиде да бакне рака на Борисов и да го замоли за помош. Кога се случуваа настаните во Собрание на 27 април, Заев му испрати порака пак на Борисов, за да му каже „Добар сум брат“. Ако ви текнува првата официјална посета на Заев по неговиот избор за премиер на Македонија, беше во Софија, со цел да го потпише Договорот за добрососедство со соседна Бугарија. Тогаш неговата позиција не беше така стабилна. Откако се затврди како премиер на пресот по договорот со Грција не пропушти да изеде трици за државјанствата на други држави (мислејќи на луѓето што поднеле документи или веќе поседуваат бугарски пасоши), но кај и да е пак ќе му згусти и ќе мора повторно да ја бара моќната снага на бате Бојко.

Иванов пак од своја страна два мандати плукаше против Бугарија за да дојде моментот откако му стана „тесно“ во Македонија со трчање да отиде во Софија кај неговиот колега Румен Радев. Иванов требаше да се сретне и со Бојко Борисов, ама премиерот го стави на игнор. Бугарската Влада соопшти дека не сака да биде вмешувана во внатрешно политичките проблеми на Скопје. Бојко не сака да се меша, ама нашите „државници“ ја знаат традицијата воспоставена од комитите за време на Илинденскиот период- „Кога ќе стане беља во Македонија, бегај колку што ти држат нозете за Бугарија“.

Автор: Батко Тане





Претходна статија

КАРАКАЧАНОВ ПРЕД КАНАЛ 3: СОВЕТНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА ШПИУНИРА ВО БУГАРИЈА

Следна статија

БОЈКО БОРИСОВ ГО ИСКАСТРИ ИВАНОВ

Најново од Истакнато

Невладини организации на македонски Бугари од РС Македонија со осуда за срамниот говор на омраза кон Бугарите и Бугарија на фудбалскиот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија во Скопје

Претставници на 10 граѓански здруженија на граѓани на РС Македонија, со бугарска национална самосвест, испратија писмо