| |

Трамп и Венс ќе имаат видеоконферентен разговор со европските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс ќе имаат онлајн состанок со лидерите на европските земји. Според британските медиуми, европските лидери прво ќе одржат свој видео состанок за координација на ставовите пред разговорот со Трамп, кој се подготвува за претстојните преговори со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.

Неизвесноста околу исходот од овој самит предизвикува стравувања во Европа дека Трамп и Путин би можеле да донесат „далекусежни одлуки, па дури и да извршат притисок врз Украина да прифати неповолен договор“. „Нашата цел е да го спречиме тоа, да останеме усогласени и обединети со нашите американски партнери. Сè уште има многу време до петок“, изјави висок европски функционер.

Според германската влада, денеска во 14 часот ќе се одржи видеоконференција меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Германија, Финска, Франција, Велика Британија, Италија, Полска и Европската Унија, на која ќе учествува и генералниот секретар на НАТО. На дневен ред се зголемување на притисокот врз Русија, чекори во евентуален мировен процес, иднината на окупираните територии и безбедносните гаранции за Украина.

Средбата меѓу Трамп и Путин е закажана за петок, 15 август, во Енкориџ, Алјаска.

Слични Објави