ПАТНИЦИ СЕ ЖАЛЕЛЕ НА ГУШЕЊЕ ВО АВТОБУС НА ЛИНИЈАТА СКОПЈЕ-ГОСТИВАР

Околу 20 прекубројни патници се транспортирале од Скопје до Гостивар, по што граѓаните се жалеле дека се гушат, а полицијата на влезот на Тетово ги симнала од автобусот „Еуро турист“, кој во петокот во 18 часот тргнал од Скопје за Гостивар, пренесува Порталб.мк.

Возачот дозволил да се превезуваат 20 патници повеќе, со билети што ги купиле во автобус. За време на патувањето патниците се жалеле дека се гушат, но возачот се правдал дека не е негова вина, пренесе порталот.