| |

ПЕНДАРОВСКИ СО БЛАГА ПРЕДНОСТ ПРЕД СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА

Слично како и во претходната анкета, направена во средината на март 2019 година,Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ, е во благо водство (27,2%) пред Гордана СилјановскаДавкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ (23,5%),односно разликата е 3,7 процентни поени. Со ова се потврдува ставот дека се работи за изедначена трка, иако Пендаровски во меѓувреме го зголемил водството од 2,6 на 3,7 процентни поени. Ова го покажаа резултатите од истражувањето направено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) Скопје на барање на Телевизија Телма. Поддршката за Блерим Река, кандидат на Алијансата за Албанците и на Беса е 11,0% од испитаниците што е речиси идентична со таа од претходната анкета. (Повеќе)

Слични Објави