УКИНАТ ПРИТВОРОТ НА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ЗА „ТИТАНИК“- ОСТАНУВА ПРИТВОРОТ ЗА „27 АПРИЛ“
Кривичниот суд му го укинал куќниот притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески за предметот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности. Јанакиески останува затворен дома за настаните од „27 април“ каде е осомничен.
За случајот „27 април“, Судот му одредил куќен притвор и забрана за комуникација со инволвирани лица во настанот односно со другите осомничени. Во тој предмет на Јавното обвинителство како осомничени за организација на крвавите настани се водат поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот спикер Трајко Вељановски, поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски и екс началникот Никола Бошковски како и поранешниот министер Спиро Ристевски.