БРЕМЕНА ДОКТОРКА КРИЕЛА ДЕКА ИМА ЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19 ВО СЕМЕЈСТВОТО-СЕ ПОРОДИЛА И ЗАВРШИЛА ВО ИНФЕКТИВНА

Бремена докторка викендов дошла да се пораѓа на Гинеколошката клиника во Скопје без да каже дека нејзиниот свекор е заболен од коронавирусот, потврди за Плусинфо директорката на Клиниката, Викторија Јовановска.

loading...

Трудницата докторка лажела при приемот во болницата и била сместена во соба со две други родилки, кои сега се префрлени на одделот за изолација. По некое време докторката ја препознала колешка, која на вработените на Клиниката им открила дека родилката има позитивен на ковид-19 во семејството.

Родилката одбила од одделението да биде преместена во делот за изолација, каде се хоспитализираат суспектни и позитивни пациентки на ковид-19. Ѝ била направена индикација за царски рез, но таа потпишала изјава дека своеволно заминува да се породи во приватна болница.



loading...

Докторката се породила во „Ре-медика“, каде развила симптоми по што била однесена на Инфективната клиника во Скопје.