ЕКСМИНИСТЕРОТ ВЛАДО ДИМОВ И НЕГОВАТА СОПРУГА ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19
Ексминистерот за здравство Владо Димов и неговата сопруга Билјана се двајцата лекари-сопружници од приватната болница „Аџибадем-Систина кои се позитивни на Ковид 19, дознава „Фокус“.
Според нашите информации, докторот Димов бил хоспитализиран и на скопската Инфективна клиника, додека неговата сопруга се лекува во домашни услови.
Од Систина пред неколку денови, односно на 5 јуни преку соопштение сами известија дека двајца лекари сопружници од нивната Клиничка болница се позитивни на Ковид 19. Дури, во соопштението беше наведено дека едниот од нив немал никаков контакт со пациенти, додека другиот имал минимален контакт со пациенти.

