Мицкоски: Средбата со Кралот Чарлс III претставува признание, почит и поттик за продолжување по патот на заедничките вредности
Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, за време на својот престој во Лондон, остварил средба со Неговото Кралско Величество, Кралот Чарлс III.
„Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата — области на кои Кралот со години им посветува големо внимание,“ напиша Мицкоски на својата официјална Facebook страница.
Тој додаде дека оваа средба претставува признание и почит, но и поттик за продолжување по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството меѓу двете земји.
Во рамките на Берлинскиот процес, што го организира британскиот премиер Кир Стармер, Мицкоски ќе има и повеќе билатерални средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото Кралство.

