Бугарскиот ансамбл „Мездра“ освои второ место на фолклорен фестивал во Албанија
Бугарскиот фолклорен танцов ансамбл „Мездра“ освои второ место на „International Folk Festival Albania“, како и специјална награда за автентични и убави народни носии, соопшти бугарската Амбасада во Тирана, пренесува БТА.
Од дипломатската мисија оценија дека ансамблот се претставил со висока уметничка изведба, автентичност и почит кон бугарските народни традиции, со што го потврдил богатството на бугарскиот фолклор и квалитетот на танцовата уметност.
Бугарскиот амбасадор во Албанија Ивајло Киров и претставници на Амбасадата присуствувале на затворањето на фестивалот и му врачиле цвеќе на ансамблот во знак на признание за успехот и достојното претставување на Бугарија.
Амбасадата истакна дека учеството на „Мездра“ придонесува за зајакнување на културната соработка и добрососедските односи меѓу Бугарија и Албанија.
