(Фото/Видео) Навивачите на „Левски“ со специјална кореографија посветена на Илинден 1903 г.
Навивачите на Левски Софија подготвија специјална кореографија за денешниот натпревар со тимот на Шкупи од Скопје.

Целиот сектор „Б“ кој е трибината на најверните навивачи на фудбалскиот тим Левски беше претворен во огромен транспарент на кој на црвено-црна позадина со жолто беше испишана годината 1903. Пред секторот беше поставен и транспарент со натпис „Илинден, мајко, Илинден – за Бугарите Велигден“.
Освен тоа, целиот стадион е полн со бугарски државни знамиња на родните триколори.
Фото и видео: Спортал.бг