СВЕДОШТВО НА ЧОВЕК ЧИЈ БЛИЗОК РОДНИНА ОД РЕСЕН ЗАБОЛЕН ОД КОРОНАВИРУС ДОЖИВЕАЛ ВИСТИНСКА ГОЛГОТА

Владимир Стојановски од Скопје на социјалната мрежа Фејсбук објави сведоштво за вистинска голгота по македонските болници низ која поминал негов близок роднина од Ресен, позитивен на коронавирус.

Тој вели дека прво се соочил со несериозен однос и пристап према актуелната пандемија од страна на матичниот лекар во Ресен, а потоа и во Битола, каде што бил пренесен болниот.

„Не се тоа симптоми на коронавирус (мислиш 1.000 пациенти поминал со коронавирус во животот) уживај, обична настинка е, пола град е насинат “!!! (многу ме интересира дали тој матичен доктор ја знае епидемиолошката историја на градот и дали статистиките велат дека секоја година во јуни „пола” град е настинат)“, пишува Стојановски.

Тој вели дека со десетици луѓе со кои контактирале од Ресен, пријатели, роднини, познаници, им раскажале слични искуства.

„Никој од овие луѓе со кои разговаравме не биле препратени од матичните доктори на тестирање, или пак има и такви кои воопшто и не консултирале доктор! Но тие што ни’ раскажаа дека консултирале доктор го добиле истиот одговор како погоре, „настинка е“, пишува Стојановски.

Во продолжение прочитајте го постот објавен на Фејсбук: