| |

Ансамблот „Танец“ со концерти во градовите Гоце Делчев и Белица во Бугарија

Во пресрет на божикните и новогодишните празници, Националниот ансамбл за народни игри и песни на Република Северна Македонија – „Танец“, ќе ги израдува жителите и гостите на градовите Гоце Делчев и Белица во Бугарија.

На покана на градоначалниците на двете општини, Владимир Москов и Радослав Ревански, ансамблот „Танец“ ќе одржи два концерта: во Гоце Делчев на 21 декември, во 18:00 часот во салата „Неврокоп Арена“ и во градот Белица на 22 декември во 17:30 часот, во концертната сала на ЛП „Георги Тодоров 1885“.

Концертите се божиќен и новогодишен подарок за жителите и гостите на Гоце Делчев и Белица, влезот е бесплатен.

Слични Објави