(Видео) Родопската теснолиниска пруга одбележа 100 години
На 1 август 1926 година тргнал првиот воз по Родопската теснолиниска пруга, на делницата меѓу Сарамбеј, денешен Септември, и Л’џене, денешен Велинград. Редовниот сообраќај започнал еден ден подоцна.
Пругата со ширина од 760 милиметри почнала да се гради во 1921 година според проект на инженерот Стојан Митов. Делницата долга 39 километри минувала низ тешкиот предел покрај реката Чепинска и низ 10 тунели. Првично сообраќал по еден воз во секоја насока, а патувањето траело околу три и пол часа.
Денес теснолиниската пруга меѓу Септември и Добриниште е популарна туристичка атракција, но и важна транспортна врска за локалното население. Меѓу Септември и Велинград редовни возови сообраќаат пет пати дневно, а БДЖ организира и атрактивни патувања за празници и посебни поводи.
