ИЛИЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ-ТЕТОВО И РЕКТОРОТ АМЕТИ

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, денеска поднесе прекршочна пријава против Државниот универзитет во Тетово и ректорот Вулнет Амети, а истата ја достави во тетовскиот Основен суд, јавува Факултети.мк.

Илиевски вели дека при редовниот инспекциски надзор на Правниот факултет при ДУТ утврдил дека тројца државни функционери – министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нихиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, незаконски напредувале во наставно-научни звања.