Македонски патриоти или ослободени јужносрбијанци?
Пишува: Зоранчо Маринков
За “патриотите” од Википедија на македонски јазик, новото уставно име на земјата – Северна Македонија, било контроверзно. Но, затоа пак употребата на имињата Јужна Србија и Стара Србија, без споменување на името Македонија за означување на оваа територија во минатото, да ти биле сосем во ред.
Википедија на македонски јазик, на страницата посветена на српскиот митрополит, а подоцна партијарх Варнава, меѓудругото го пишува и следното:
“За време на турското владеење во Стара Србија, епископот Варнава се здобил со посебни заслуги во будењето и зајакнувањето на српската национална свест во борбата против бугарската и грчката пропаганда”. По завршувањето на Балканските војни и ослободувањето на Јужна Србија, кога митрополитот велешко-дебарски патренски, конечно, бил преместен во друга епархија, а владиката Варнава ја презема целосната управа над Велешко-дебарската епархија. Поради заминувањето на грчките и егзархиските епископи (1913 год.), Варнава раководел и со Битолската епархија, како и со делови од Струмичката, Пољанско-вардарската и Преспанско-Охридската епархија, каде што ја организирал целата српска црква во јужните делови на проширената држава”.
Можи да се види дека ова претставува речиси целосен превод од српската верзија на Википедија посветена на Варнава. Но, од историјата на промените во уредувањето на страницата, се гледа дека во период од година и половина се правени неколку корекции на текстот. Значи авторите биле сосем на јасно со тоа што пишува внатре и бидејќи не го корегирале погоре посочениот текст, значи се согласуваат со него.
На страницата посветена на патријарх Варнава на Википедија на украински јазик, пишува дека тој:
“Во својата епархија ја поддржувал српската пропаганда, активно се борел против Бугарската егзархија. По српската окупација на Македонија како резултат на Балканските војни, од 1913 година раководел со Битолската, Орхидејската и Струмичката епархија отуѓени од БПЦ”.
Во верзијата на Википедија на руски јазик за Варнава пишува:
“Во својата епархија ја поддржувал српската пропаганда наспроти бугарската и активно се борел против Бугарската егзархија.После преминот на Јужна Србија и Македонија, како резултат од Балканските војни во владеење на Србија, управувал од 1913 година со Битолската и Охридската епархија, а исто така и со Струмичката епархија”.
Во верзијата на англиски јазик за истата статија пишува:
“Митрополитот Партениј конечно бил преместен во друга епархија во 1913 година, а епископот Варнава бил оставен да раководи не само во Дебарско-велешката епархија бидејќи нему му била доверена управата и на другите црковни територии припоени кон Кралството Србија”.
Дури и иво верзијата на статијата на Википедија српско-хрватски јазик се споменува Македонија и анексија:
“U Makedoniji je radio na jačanju srpske nacionalne svesti u borbi s bugarskom i grčkom propagandom. Po završetku Balkanskih ratova i aneksiji Makedonije, a naročito po proterivanju sveštenika bugarske egzarhije (1913), Varnava je upravljao i Bitoljskom i Ohridskom eparhijom, kao i jednim delom Strumičke eparhije, gde je uredio celu Srpsku crkvu u južnim krajevima proširene države.”
Значи украинската, руската, англиската и српско-хрватската верзија на Википедија се поголеми македонски патриоти од македонската верзија на слободната енциклопедија?! Дали оваа реченица има смисол?
Верзиите на тие јазици пишуваат за српска окупација на Македонија, за анексија на Македонија, за владеење на Србија со Македонија и за работа на српската пропаганда. За разлика од нив, македонските “патриоти” пишуваат за јакнење на српската национална свест во Јужна Србија и борба против бугарската и грчката пропаганда.
Дали за уредниците на Википедија на македонски јазик, Стара Србија и Јужна Србија е исто со Македонија и дали за нив нема разлика ако ги нарекуваме македонци или јужносрбијанци?
Инаку Варнава бил и митрополит Скопски, па како таков присуствува и држи говор на погребот на Велимир Прелиќ во Скопје, јануари 1928 год. Како “вистински христијанин”, Варнава повикува на одмазда за неговата смрт, изјавувајќи дека политиката може да мисли што сака, но на ова во Бугарија морало да му се стави крај.
