МАКЕДОНСКИТЕ ОДБОЈКАРИ ВО ОБИД ДА ЈА ИЗНЕНАДАТ СЛОВЕНИЈА

Македонската одбојкарска репрезентација по вчерашната историска, прва победа на евро-шампионатите, попладнево од 17:30 часот против ко-организаторот на континенталното натпреварување, селекцијата на Словенија ќе се обиде да направи подвиг и да ги освои бодовите.

– Ова е моја репрезентација, ја познавам добро и затоа изјавував дека можеме да играме и да сонуваме осминафинале. Ќе играме и против Словенија со желба за триумф. И претходно покажавме дека можеме да се носиме со нив. Секогаш играме подобро со подобрите од нас. Верувам дека можеме. Ќе играме со срце на терен, па што сака нека биде, вели капитенот Ѓорѓиев.

Тој синоќа против Белорусија освои 37 поени и беше прогласен за играч на денот од страна на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ).

Натпреварот со Словенија е последен во Ц-групата за македонските одбојкари кои се уште имаат теоретски шанси за пласман на 4.место и осминафинале на ЕП.

Слични Објави