МAКРОН: ФРАНЦИЈА Е НА ПОЧЕТОКОТ НА КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ И ВО ТРКА СО ВРЕМЕТО

//

Франција е само на почетокот на кризата со коронавирусот и се бори со времето да го спречи нејзиното ширење, изјави францускиот претседателот, Емануел Макрон.

„Ние сме на почетокот на кризата. Ги презедовме вонредните мерки за да го апсорбираме првиот бран, но почнавме трка со времето за борба против вирусот“, рече Макрон на почетокот на кризната седница во Министерството за внатрешни работи.

„Треба да реагираме веднаш и да се реорганизираме секој момент“, додаде тој.

Извор: Макфакс





Претходна статија

ДВАЕСЕТ И ПЕТ МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ВОЗИЛО КАЈ СВЕТИ НИКОЛЕ

Следна статија

ОЧЕКУВАНО: ПЕТМЕСЕЧНО ОДЛОЖУВАЊЕ НА СКОПСКИОТ МАРАТОН ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ!

Најново од Вести