ОЧЕКУВАНО: ПЕТМЕСЕЧНО ОДЛОЖУВАЊЕ НА СКОПСКИОТ МАРАТОН ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ!

/

Наместо во мај, како што беше претходно предвидено, традиционалниот Скопски маратон годинава ќе се одржи на пет месеци подоцна, секако ако и тогаш се создадат услови за безбедно трчање по улиците на престолнината поради глобалната пандемија од коронавирусот.

„Заради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот, како нај нас така и во светот и заради почитување на мерките кои ги превзема нашата Влада заедно со институциите и препораките од Светската здравствена организација, Сојузот на спортови на Скопје како организатор на Скопскиот маратон, кој беше планиран за 10 мај, донесе одлука трката да се одложи за 4 октомври. Сите пријави остануваат важечки и се префрлаат за новиот датум, а доколку некој од пријавените е спречен од било кои причини да учествува на новиот датум, ќе им бидат понудени дополнителни опции. Пријавувањето останува отворено до 15 септември, а на сите им посакуваме во овие моменти да останат здрави и да го чуваат своето здравје и според своите можности да ја одржуваат својата кондиција и, секако, да се почитуваат препорките од надлежните институции“, се вели во соопштението од Скопски маратон.

Овој масовен настан е возобновен во 2008 година, по што редовно се одржува со исклучок на 2015 година, кога беше целосно откажан од безбедносни причини.



Извор: Спорт1

Претходна статија

МAКРОН: ФРАНЦИЈА Е НА ПОЧЕТОКОТ НА КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ И ВО ТРКА СО ВРЕМЕТО

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ СЕ ЗАРАЗЕНИ ПО КОНТАКТ СО ЗАБОЛЕН ОД КОРОНАВИРУСОТ ИЛИ НОСИТЕЛ

Најново од Вести