|

Макрон назначи нов премиер

Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Мишел Барние за нов премиер на земјата.

Инаку, Барние е поранешен француски еврокомесар, а тој е главниот преговарач за Брегзит.

Според светските медиуми, Мишел Барније има големо политичко искуство, беше министер, шеф на дипломатијата, еврокомесар, пратеник, преговарач за Брегзит. Макрон се надева дека со такво искуство ќе може да постигне компромиси со други политички формации, од кои ниту една нема апсолутно мнозинство .

Противниците на именувањето на Барније посочуваат дека на овој начин практично нема многу да се промени во француската политика, иако тоа го побараа граѓаните на изборите, пред се, кога станува збор за зголемување на платите или за ревизија на пензиската реформа. Барније има либерална ориентација и е Европеец како Макрон, па на ова се гледа како на своевидно продолжување на политиката на коалицијата околу претседателот, која загуби на претходните парламентарни избори.

Текстот Макрон назначи нов премиер е превземен од МАКФАКС.



Слични Објави