МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ПОРАЧА: ДОВОЛНО Е СО ДЕЛЕЊЕ ПАМЕТ, КРИМИНАЛОТ ДА СЕ ИСЧИСТИ ДО КОРЕН
„Афера “Рекет”, интензивна истрага и експедитивна разрешница!
Доволно е со делење на совети и памет, што треба да се направи, ги држите позициите, имате одговорност, работете и исчистете го криминалот во корен без исклучок или повлечете се и оставете простор на професионалците да сработат.
Оваа анатема дека “сите сме исти” мора да се демантира пред граѓаните со дела и доказ, бидејќи сме многу различни.
Целава сторија им остави простор на злосторниците да се трансформираат во жртви и борци против криминалот, едноставно одговорност мора да има за сите“- напиша на својот facebook профил градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.