МАЛДИНИ ГО НАЈДЕ НОВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА МИЛАН – ВО БАРСЕЛОНА

Паоло Малдини изминатото лето инсистираше на еден фудбалер на трансфер-пазарот, а тоа е Тео Ернандез. Овој трансфер беше вистински погодок, бидејќи левиот бек сезонава постигна четири гола за „росонерите“ и го прави најдобар стрелец во тимот заедно со Кжиштоф Пјонтек, кој исто така има четири гола.

Легендарниот фудбалер на Милан сега има уште една желба за засилување во одбраната, а тоа е младиот фудбалер на Барселона, Жан-Клер Тодибо. Стоперот има само 19 години и дојде во Каталонија изминатото лето од Тулуз.

Тој не се снајде најдобро во Барселона и не се наметна кај Ернесто Валверде, па шпанскиот шампион е расположен да го продаде оваа зима. Шпанските медиуми јавуваат дека спортскиот директор Ерик Абидал се сретнал со Паоло Малдини во Милани изминатата недела, а тема на разговор бил токму Тодибо.

Интерес за Французинот има и од Баер Леверкузен, кој веќе испратил понуда од 10 милиони евра. Останува да видиме дали Милан ќе притисне со своја повисока понуда во јануарскиот преоден рок.

Извор: Спорт1