МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ПОНУДИ НЕВЕРОЈАТНА СУМА ЗА ЅВЕЗДА НА НАПОЛИ

/

Манчестер јунајтед откако минатото лето го купи Хери Мегвајер од Лестер за неверојатни 82 милиони фунти, летово тргнува по уште еден скап дефанзивец, Калиду Кулибали од Наполи.

Италијанските медиуми објавуваат дека „црвените ѓаволи“ понудиле 80 милиони евра за Сенегалецот, но дека претседателот на калчолигашот, Аурелио де Лаурентис веднаш ја одбил понудата.

Стоперот е дефинитивно на продажба на „Сан Паоло“, но клубот сака да добие обештетување од 100 милиони евра и нема намера да ја намали цената. Кулибали е трансфер-цел и на ПСЖ и Ливерпул, па не е исклучено наскоро да има „војна“ во наддавање, па Де Лаурентис да ги добие бараните 100 милиони евра.



Фудбалерот, кој има 28 години во Неапол пристигна пред шест години од Генк за сума од само седум милиони евра.

Извор: Спорт1



Претходна статија

ПАЗЕТЕ ШТО ПИШУВАТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ- ЛЕТААТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ

Следна статија

САД ГИ ЗАБРАНУВААТ СИТЕ ПАТНИЧКИ ЛЕТОВИ ОД КИНА

Најново од Вести