САД ГИ ЗАБРАНУВААТ СИТЕ ПАТНИЧКИ ЛЕТОВИ ОД КИНА
САД ќе ги забранат сите патнички летови од Кина од 16 јуни, што е последниот знак на тензии помеѓу двете земји.
Министерството за транспорт појасни дека го казнуваат Пекинг затоа што не им дозволува на американските компании да ги обноват летовите кон Кина откако пандемијата почна да попушта. Забраната ќе се однесува на четирите кинески авиокомпании кои продолжија да летаат меѓу двете земји и за време на пандемијата, иако со намален распоред.
Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, кинеските власти во март ги ограничија домашните и странските авиокомпании на само еден лет неделно меѓу Кина и одредена земја. Тие кажаа дека рестрикциите се фер бидејќи важат за сите авиокомпании.
Во јануари имало 325 летови меѓу Кина и САД неделно, што од крајот на март паднало на само 34.