МАНЧЕСТЕР СИТИ ЌЕ ГО МЕНУВА АГУЕРО СО НОВА АРГЕНТИНСКА ЅВЕЗДА

Серхио Агуеро испиша многу историја во дресот на Манчестер сити, но годините полека го „газат“, па клубот веќе размислува за негова евентуална замена.

Во фокусот на вниманието на менаџерот Пеп Гвардиола е голгетерот на Интер, Лаутаро Мартинез. Младиот Аргентинец воодушеви на Копа Америка изминатото лето, па поради тоа го привлече вниманието на Барселона.

Неговите игри не останаа незабележани ниту од Манчестер сити, но факт е дека голгетерот и натаму треба да напредува за да биде вистинска светска класа. Интер сигурно нема така лесно да се откаже од 22-годишниот фудбалер.

Мартинез во договорот со „нераѕурите“ има откупна клаузула од 111 милиони евра.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ФУДБАЛЕР НА ЛИВЕРПУЛ ВЛЕЗЕ ВО „ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ“ (ВИДЕО)

Следна статија

ШПАНСКА ТВ ВОДИТЕЛКА ГО РАСПЛАКА ХРИСТО СТОИЧКОВ ПОРАДИ БУГАРСКИОТ РАСИЗАМ! (ВИДЕО)

Најново од Спорт