„МАНЧЕСТЕР СИТИ НЕ Е ПОДГОТВЕН ДА ЈА ОСВОИ ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ“
Манчестер сити ги има едни од најскапите и секако најквалитетните состави во Европа, но менаџерот Пеп Гвардиола вели дека неговиот тим не е подготвен да ја освои Лигата на шампиони.
„Граѓаните“ две сезони по ред се шампиони на Англија, но во европското натпреварување истите тие две сезони беа елиминирани во четвртфиналето.
„Луѓето зборуваат дека Лигата на шампиони ни е цел, но ние сè уште не сме подготвени“, вели Гвардиола. „Постигнуваме голови, правиме шанси, не примаме голови, но можеме уште да се подобриме. Изминативе две сезони постигнавме многу голови, но мораме да работиме напорно и да се надградуваме“, додава менаџерот на Сити.
Манчестер сити во вторник во рамки на Лигата на шампиони ја пречекува екипата на Аталанта.
Извор: Спорт1