МАНЧЕВСКИ ГО ОПРАВДУВА НЕПОТИЗМОТ ШТО ВЛАДЕЕ СО ФАКТОТ ДЕКА 10 ГОДИНИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ ИМ БИЛО ЗАБРАНЕТО ДА СЕ ВРАБОТАТ НА ДРЖАВНО

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во обид да го оправда непотизмот што владее во државните институции и претпријатија потсетува дека 10 години на сите членови на СДСМ им било забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор. Манчевски вели дека антикорупциската комисија ќе провери дали во новите вработувања на роднини на функционери има непотизам и судир на интереси.