МАРАДОНА: МУ АПЛАУДИРАМ НА МЕРТЕНС ШТО ГО СРУШИ МОЈОТ РЕКОРД

Дрис Мертенс е вториот најдобар стрелец во историјата на Наполи откако со двата гола против Салцбург во Лигата на шампиони стигна до вкупно 116 во дресот на италијанскиот клуб.

Белгиецот го мина легендаринот Диего Армандо Марадона и наскоро веројатно ќе падне и рекордот на Марек Хамшик. Аргентинецот е горд што Мертенс го симнал од второто место на вечната листа на стрелци во Наполи и го повика претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис да го задржи во клубот и во иднина.

„За мене не беше разочарување што Мертенс ме мина на листата на стрелци, туку јас му аплаудирав“, вели Марадона. „Кога постигна гол јас мислев на Наполи, а не на себе. Ги гледам натпреварите на Наполи, особено тие во Лигата на шампиони. Мертенс е роден да биде голгетер, но тоа тој не го знаее додека не дојде тука. Неговите голови не може да ги постигне некој што не е напаѓач во срцето. Јас би сакал да направам нешто за Мертенс да не си замине од клубот. Секој сака добро да заработи, тоа е професионализам, но исто така е точно дека на ниту едно место во светот нема да биде сакан како во Неапол. Па затоа, драг Претседателе не дозволувај да си замине. Знам дека има над 30 години, но трча, постигнува голови со ентузијазам на младо момче. Но ако цврсто е решен да си замине, треба да знае дека ќе има место за него во мојот тим Химназија Ла Плата“, истакна легендарниот Аргентинец.

Договорот на Мертенс со Наполи истекува во јуни 2020 година, но засега нема преговори за продолжување на соработката.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ОХРИЃАНЕЦОТ ОСМАН ПОТПИША НОВ ДОГОВОР СО КЛИВЛЕНД ЗА – 31 МИЛИОН ДОЛАРИ

Следна статија

РЕАЛ МАДРИД ИМА ПРИОРИТЕТ СЛЕДНОТО ЛЕТО – КИЛИЈАН МБАПЕ

Најново од Спорт